„И вечерва во Хиландар сите се молиме за тебе“: Вучиќ му порача на ранетото момче од Косово, но кој е напаѓачот?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва зборуваше за пукањето во кое беа ранети српско момче и млад човек кај Штрпац, Косово.

- Да си жив и здрав Стефан. И во Хиландар вечерва сите се молиме за вас. Христос се роди! – напиша претседателот, кој деновиве е во посета на Света Гора, а пренесе српски Блиц. 


Момчето Стефан (11) и младиот Милош (21) се ранети денеска кога оделе да собираат бадникови гранчиња. Тие биле застрелани од припадник на КБС кој подоцна бил уапсен. А, според Новости.рс извршителот на денешниот вооружен напад е Азем Куртај. Станува збор за припадник на т.н на Косовските безбедносни сили. Инаку, тој е син на паднатиот припадник на ОВК Данус Куртај. Овој Албанец отворил оган кон нив од автомобил во движење, кога тие носеле бадникови дрвца. Прво им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа биле препратени на хируршкото одделение во Грачаница.

Едното момче било застрелано во раката, другото во рамото, но и двајцата се надвор од животна опасност.

Извор: Блиц и Новости рс

Фото: Инстаграм