Хана е преслатка: Актерот Висар Вишка ужива во сончевите денови со своите ќерка и партнерка (ФОТО)

Во август годинава актерот Висар Вишка објави дека станал татко по втор пат

Во мај со партнерката објавија дека очекуваат девојче, а на 25-ти август со фотографија од нив две, актерот објави дека станале родители на Хана Вишка.

Актерот викендов максимално ужива  во сончевите зраци со својата најмила. Тој објави нивна заедничка фотографија од парк, како се сончаат, а објави фотографија и од неговата партнерка како се гушка со ќерката.


Вечерта објави како слатката Хана слуша Моцарт на слушалки.