Го жртвуваше животот за да спаси три деца: Најхрабрата стјуардеса

Група терористи го киднапирала авионот „Pan Am Flight 73“ кој бил лет од Мумбаи до САД, во 1986-та година на аеродром во Пакистан. Авионот превезувал 360 патници и 13 членови на екипажот. Терористите сакале да летаат во Кипар, со цел ослободување на затворениците од палестинските држави во Кипар, но стјуардесата Нирја Бханот ги известила навреме пилотите и тие го напуштиле авионот, па авионот не полетал.

Нирја ги сокрила пасошите на патниците за терористите да не можат да ги идентификуваат. По 17 часа неуспешни преговори, терористите почнале да пукаат во киднапираните. Нирја ја отворила вратата за случај на опасност за патниците да избегаат, а таа загинала додека со своето тело штитела 3 деца од пукањето. Ако сакала, таа можела да биде првата што ќе избега од авионот кога ја отворила вратата, но одлучила да им помага на другите патници да избегаат. 

Дете кое тогаш се спасило и било на возраст од седум години, сега е пилот на голема авиокомпанија и изјави дека Бханот е негова инспирација и дека и го должи секој ден од својот живот. 

Таа беше меѓународно призната како „хероина од киднапирањето" и стана најмладиот добитник на наградата „Ашок чакра", најпрестижната индиска  награда за храброст за време на мирот. Псотхумно е одликувана за храброст и од страна на САД..