(ФОТО) Нема да ја препознаете: Атиџе со нова фризура подготвена за Оскар

Главната протагонистка и последниот одгледувач на диви пчели, харизматичната Атиџе од „Медена земја“ почна да се подготвува за доделувањето на Оскарите.

Имено таа ја промени бојата на косата, и доби фризура со која наивистина изгледа холивудски.


-Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и' ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.