(ФОТО) Модни додатоци од над 5.000 евра: Цеца ги прошета низ Белградските улици

Фолк-дивата откако излезе од карантин, се дотера од глава до пети во сино-црна комбинација и прошета низ Белградските улици.

Светлана-Цеца Ражнатовиќ внимава и ги следи модните трендови. Откако таа дознала дека е негативна на Ковид-19, го прославила својот роденден во еден белградски локал, а била придружувана од пријателите и ќерка ѝ Анастасија, пренесуват медиумите во соседството.

Пејачката блескала во сино-црна комбинација, а нејзините обувки и чанта ги привлекле погледите на сите. Цеца носела чанта „Шанел“, која чини 4.300 евра, а на нозете обувки „Ботега“, кои може да ги купите за 990 евра.

Цеца совршено ги искомбинирала чевлите со чантата, како и со нејзината светло сина кошула. Покрај сето тоа, таа носела и црни свилени панталони, со пошироки ногавици.

Извор: glossy.rs

Фото: ANTONIO AHEL/ATAIMAGES


(ФОТО) Три недели по породувањето: Како изгледа снаата на Цеца Ражнатовиќ

(ФОТО) Фолк дивата Цеца ја покажа мајка ѝ: Еве од кој ја наследила убавината