(ФОТО) Лоба во прегратка со Ѓорѓи

Пејачката Викторија Лоба која ретко зборува за приватниот живот, на Инстаграм објави фотографија од својот партнер, Ѓорѓи.

Лоба сподели празничен момент од забава со Ѓорѓи, со кого е во врска неколку години. За својот партнер, Лоба вели дека имаат различен карактер, таа е темпераментна, а тој помирен. „Многу ми е важно ручеците да ги поминуваме заедно, дома или некаде надвор. Сакам здрава храна и готвам здраво“, изјави Лоба. Таа ја помина новогодишната ноќ работно, а минатиот месец го промовираше првиот албум „Нов свет“ на македонски и на англиски јазик.