(ФОТО) Иванка и Меланија Трамп воодушевија, Кејт Миделтон разочара: Модни моменти од Бакингамската палата

Посетата на американската претседателска двојка Трамп на Бакингамската палата, за јасвноста освен од политички, беше интересна од моден аспект.

Како што покажа и изминатите денови, првата дама на САД Меланија Трамп ги освои сите, па заблеска во полн сјај и на свечениот банкет, во долг бел фустан со интересни детали.

Ќерката на Трамп, Иванка Трамп дојде со својот сопруг, во префинета комбинација.Таа избра долг син фустан со цветни мотиви, јаки и панделки на ракавите.

Кројот кој ја истакнува линијата и тесните рамења совршено и прилегаше на првата ќерка на Америка. Со фустанот искомбинира салонки во иста нијанса, додека пак косата ја собра во свечена ниска пунџа.

И додека дамите од семејството Трамп беа без грешка, тотално модно разочарување беше војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон. Сите ја олекуваа нејзината елеганција, а таа се појави во чудна бела тоалета со многу карнери.