Драга замено, некои работи мора да ги знаеш: Трогателно писмо на оставена девојка

На порталот „US Elite Daily“ е објавено писмо кое го омекнува и најтврдото срце, напишано од оставена девојка, а адресирано до сегашната девојка на нејзиниот поранешен дечко. Многу чувства, љубов, љубезни зборови и насоки, напишало девојчето во писмото адресирано не кон нејзиниот поранешен, туку кон неговата сегашна љубов, пренесува „Космополитен“.

Писмото покажува дека нејзината љубов кон него сè уште не поминала. Девојката со зборови ги пренесла своите искрени чувства на лист хартија.

Драга моја замено,

Постојат неколку работи кои треба да ги знаеш, со оглед на тоа дека сега ти си предмет на неговото внимание.

Немој да бидеш изненадена колку брзо ќе се заљубиш во него. Не грижи се за мојот Фејсбук профил во кој сеуште стојат наши заеднички слики. Без разлика дали сакам да признаам или не, тие сега припаѓаат во минатото.

Не биди изненадена ако тој не сака да зборува за неговата поранешна девојка. Тој дури и не им кажа на пријателите кога раскинавме. Не сум сигурена дека сите негови пријатели знаат за нашата разделба.

Беше прекрасна љубовна приказна, но не грижи се, таа останува во минатото. Ти си сега неговата иднина.

И покрај тоа што не се познаваме, сигурена сум дека не ме сакаш. Сепак, ние две имаме нешто заедничко што нè зближува.

Не грижи се, нема да му вртам на телефон, нема ниту да му лајкнувам слики и постови на социјалните мрежи. Не можам да ти ги кажам сите тајни, а нема да ти ги каже ниту тој. Но, верувај има причина зошто тој не ги искажува своите чувства премногу и не секогаш го кажува она што толку нестрпливо сакаш да го слушнеш.

Ќе те размазува со мали знаци на внимание и подароци, но тој никогаш бесцелно не троши пари. Троши пари многу мудро. Со галењето ќе забележиш дека детето сè уште живее во него.

Ќе забележиш дека тој е еден од ретките кој претпочита да гледа филмови отколку да излегува надвор во град.

Понекогаш ќе го видиш пијан, но и лут. Тој е темпераментен, како што сигурно си забележала, затоа не го земај сето тоа лично.

Кога бурата ќе помине и неговото расположение ќе се подобри, сигурно ќе се врати со насмевка и неговтие чисти сини очи на кои нема да можеш да одолееш.

Кога ќе се за заљуби во тебе, ќе забележиш дека ќе спиеш подобро, и кога ќе паѓа дожд, неговиот допир ќе ги однесе сите стравови.

Кога ќе се вљуби, ќе стори сé што ќе посакаш од него, но не очекувај постојано да повторува колку многу те сака. Можеби нема да те мисли во секое време, но биди сигурна дека многу често ќе бидеш во неговиот ум.

Тој има големи соништа, но многу често се откажува од нив. Твоја работа ќе биде секојдневно да му кажуваш дека е убав, згоден, паметен и дека може да постигне Се што сака.. Нема да ти верува, но не престанувај да го кажуваш тоа.

Со него ќе го запознаеш светот на поинаков начин. Кога ќе му кажеш дека нешто во моментот не ти се допаѓа, ќе ја подигне едната веѓа и ќе те гледа така неколку секунди без да трепне.

Кога ќе излегувате во град, во дискотеки, клубови, нема да можеш да не забележиш дека неговите очи ќе те гледаат само тебе. Ќе направи да се чувствуваш како единствена во локалот. Да, тогаш ќе се за вљубиш повторно во него!

Ќе има моменти и кога  ќе си ја отвори душата и ќе признае некои грешки од минатото, но немој да го осудуваш ... Тој сега е подобра личност, и биди среќна што те најде токму сега. Се надевам дека го сакаш онака како што заслужува. Исто така се надевам дека ќе те сака (можеби веќе и те сака) длабоко и страсно  како што верував дека ме сака мене.

Се надевам дека е искрен со тебе, како што никогаш не бил со мене ... но најмногу се надевам дека ќе ти пружи бајковита врска на која јас се надевав.

Запомни не те мразам, само сум љубоморна на тебе. Драго ми е што некој друг доби шанса да го доживее тоа што го поминав јас.

Се надевам дека еден ден ќе се сретнеме. Како што напишав порано, нас две не поврзува нешто моќно,  нешто што само ние две ќе го разбереме.

За него е важно каква е девојка како личност, а потоа кои се нејзинитефизички карактеристики.Признај, ретко добра особина.

Јас барам само една работа од тебе: Немој да го повредиш, онака како што тој ме повреди мене. Верувам во карма, верувам дека луѓето го добиваат она што го заслужуваат, но никогаш не сум посакала некој да страда, а особено не тој.

Сега ти си со човекот од  нашите соништа и не лажам кога велам дека се надевам дека ќе успеете “.


Поранешна девојка