Диета со која Ким Кардашијан за 3 недели успеа да влезе во фустанот на Мерилин Монро-мени за 7 дена!

За да влезе во познатиот фустан на Мерлин Монро, Ким Кардашијан ја држела кето диетата три недели, по што ослабела седум килограми. Добро, го изгубила најголемиот дел од задникот, како и вишокот од стомакот, но за почеток да видиме за каква диета се работи.

Кето диетата е една од најпопуларните диети веќе неколку години и се заснова на строго ограничување на внесот на јаглехидрати во организмот, како и консумација на протеини и здрави масти.

Кето диетата има два основни принципи: драстично намалување на внесот на јаглехидрати со зголемен внес на здрави масти. Целта е да се доведе телото до т.н кетоза.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)



Според кето диетата, распоредот на дневниот внес на калории треба да изгледа вака:

75% од калориите доаѓаат од мастите.

20% од калориите доаѓаат од протеини.

Само 5% од калориите доаѓаат од јаглехидрати.

Мени за кето диета за една недела:

Понеделник:

Појадок - пржени јајца со пржен кромид и тврдо сирење.

Ужина - тост со путер од кикирики.

Ручек - околу 150 грама говедска или свинска шунка со свеж зелен зеленчук, половина авокадо, малку краставица со малку премаз од сирење.

Ужина - една тиквичка со сирење по желба.

Вечера - печена риба (препорака сом) со брокула и мешавина од зеленчук.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)



Вторник:

Појадок - колбас со малку сезонски зеленчук.

Ужина - две средни пиперки со сирење.

Ручек - салата од туна, зелен зеленчук и целер со домати (по можност 3-4 чери домати).

Ужина - целер со крем сирење.

Вечера - 200 грама свинска кремадела со карфиол и чедар (или слично) сирење.

Среда:

Појадок - омлет со сирење и спанаќ.

Ужина - шејк од јагоди или малини.

Ручек - пилешко на скара со домат, спанаќ и авокадо.

Ужина - 120 гр шунка, крем сирење и кисели краставички.

Вечера - пржено говедско месо со сезонски зеленчук.

Четврток:

Појадок - две јајца со тврдо сирење.

Ужина - шејк од карамела.

Ручек - чили кон карне со многу зелена салата.

Ужина - режана пиперка со прелив.

Вечера – пилешка салата со мајонез, сирење…

Петок:

Појадок - омлет со сирење, спанаќ, авокадо.

Ужина - шејк од ванила.

Ручек - тестенини со пилешко (пита или друго)

Ужина - половина тиквичка со сирење.

Вечера - хамбургер со сирење, домат, авокадо и додатоци по желба.

Сабота:

Појадок - полнета црвена пиперка со јајца и спанаќ.

Ужина - шејк од јагоди или малини.

Ручек - туна салата со целер, краставица и мајонез.

Ужина - печурки по избор со сирење.

Вечера - колбаси, кромид, црвени пиперки, спанаќ, малку печурки и прелив со сирење.


(МЕНИ) Започнуваме Кето предизвик - 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Што да јадете оваа недела

(МЕНИ) Последна недела од Кето предизвик - 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Што да јадете

Фото: Printscreen Instagram oficijalen profil Kim Kardashijan