Денес е Св. Василиј Велики: За да не ве следи малер цела година, направете го ова

Денес е Свети Василиј Велики, кого црквата го слави на првиот ден од православната нова година.

Според Светото Писмо, Исус Христос ги зел врз себе гревовите на човечкиот род, а чинот на обрежување се смета за знак на чистење од првобитниот грев.Според историјата и традицијата на црквата, Свети Василиј починал во 379 година, на возраст од 50 години, а живеел во времето на Царот Константин.

Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божиќ, за кој се смета дека е крај на Божиќните празници.

Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, затоа што во спротивно ќе бидете баксуз цела година, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени.

Во некои делови се верува дека ако врне снег или е облачно на овој ден, годината ќе биде плодна. Во многу места низ Македонија се крши лепче со паричка, а најсреќниот ќе има година полна со здравје и успеси.

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен, петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа свети Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики потполно заслужено. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата - апологетски, богословски, подвижнички и канонски, како и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината: во неделите на Великиот Пост, на денот на свети Василиј, наспроти Божик и Богојавление, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.


Извор: денови.мк