Дедо со витилиго плете кукли за деца со исти тегоби

Сопругата го научила да плете, а тој многу брзо ја совладал оваа вештина и речиси станал зависен од ова.

„Флеките што ги имам по телото се прекрасни. Она што ме боли се недостатоците на туѓите карактери“, вели Бразилецот Жоао Станганели Јуниор (66), кој има витилиго. Првите дамки или флеки ги добил на триесет години, а со текот на времето тие станувале се поголеми и покривале се повеќе од неговото тело и лице.

Заболените од витилиго, оваа многу забележлива, но главно безопасна болест на кожата, често се мета на потсмев и лоши коментари, што е особено тешко за децата да ги поднесат. Токму за нив Жоао почна да плете кукли кои исто така имаат витилиго. Но, не застана тука, почна да прави и кукли со алопеција или оние во инвалидски колички.

View this post on Instagram

A post shared by João Stanganelli Junior (@vovocrocheteiro)


„Имам син со витилиго и мораме да се справиме со многу лоши коментари. Прекрасно е тоа што го правите за овие деца!“, рекол таткото на едно дете.


Но, има уште нешто. Освен што ги радува децата со своите плетени кукли, Жоао се радува и опушта себеси и со секакво плетење. 

View this post on Instagram

A post shared by João Stanganelli Junior (@vovocrocheteiro)


Тој објавува фотографии од своите креации на својот Инстаграм профил, а комплименти и нарачки пристигнуваат од целиот свет.

Извор: Моје вријеме.хр

Фото: Инстаграм