Дама со стил, лекција за сите жени: Милена Дравиќ (1940-2018)

Цел Балкан е потресен од смртта на големата ѕвезда актерката Милена Дравиќ, а таа до последен момент остана насмеана дама која ширеше позитивна енергија и покрај тоа што страдаше од сериозна болест.

- Имав многу тежок период по заминувањето на мојот Драган, дополнително и поради мојата болест, призна Милена Дравиќ по нејзиното гостување во Пула во јули,каде беше поздравена со овации од 15 минути.

Нејзина најголема поддршка во животот беше нејзиниот колега и сопруг Драган Николиќ. Драган беше нејзина љубов за сите времиња и иако немаа деца тие имаа среќен брак повеќе од четири децении, а за актерката тоа беа најубавите години од нејзиниот живот. 

На легендарната актерка пред една деценија ѝ беше дијагностициран рак на дојка. По смртта на Николиќ за медиумите потврди дека повторно се соочува со тешка болест. 

Големата српска актерка Милена Дравиќ почина на 78 години, а во нејзината богата кариера има одиграно преку 160 филмски и телевизиски улоги, од кои една е со холивудскиот актер Бред Пит.

Познатиот новинар Мишко Иванов по смртта на легендарната актерка Милена Дравиќ се присетува на нивното последно интервју за емисијата „Патот до успехот“. Тој за исклучителната актерка има само пофални зборови.

- Уживање беше разговорот со личност како Дравиќ, неверојатно. По снимањето, не покани мене, Александар (Карфа) и Сашко малку да одмориме, пред да тргнеме накај Скопје. Персоналот во кафеаната, не замоли да седнеме и почнаа да изнесуваат специјалитети. Ова е поздрав до вас и Милена, од сопственичката на локалот. Чест и е што сте нејзини гости - напиша новинарот на својот профил на Фејсбук.

Нашата позната пејачка и авторка со интернационална кариера која живее во Лондон, Тања Царовска исто така, со емотивен статус се присети на својот идол Милена Дравиќ.