Дали контролира некој во кината деца кои гледаат содржина несоодветна за нив?

Кога за некој филм пишува дека не е за оние што се под шеснаесет години, тоа треба да е така. Доколку филмот се обидат да го гледаат дома помали од шеснаесет, веројатно контролата на гледање ја презема родителот или старателот. 

Но што се случува кога во кината се прикажува некој хорор филм (+16) со експлицитно страшни сцени, а го гледаат помали од 16 години?

Тоа се случи во киното „Cineplex“ кај нас кога се прикажуваше хорор филмот „Насмевка“. Се работи за најново филмско остврарување во кое откако е сведок на бизарна несреќа поврзана со нејзин пациент, Др. Роуз Котер почнува да доживува застрашувачки случки кои не може да ги објасни. Роуз мора да се соочи со нејзиното проблематично минато со цел да преживее и да ја избегне новата реалност. Насмеаниот демон кој се појавува, го добива својот облик и ги таргетира луѓето кои имаат траума што не ја прифатиле, поврзувајќи ја секоја жртва со следната бидејќи секој има некаква траума со која секојдневно се справува... 

Родителите секогаш не знаат дали нивните деца купиле билети за некој филм. А и да знаат, најчесто не можат со точност да предвидат за каков филм се работи...

Интересно е тоа што нема контрола во самото кино која ќе биде децидна и каже кој смее, а кој не смее да го гледа филмот. Тоа е секако пропуст кој треба да се реши затоа што гледањето на такви хорор содржини на деца од 13 години може да создаде трауми и секако страв.