ДАЛИ ДА СЕ ЗАТОПЛУВА СТАНОТ ЦЕЛ ДЕН, ИЛИ ПОДОБРО ДА СЕ ГАСИ ПОВРЕМЕНО, Што е поисплатливо?

Со намалувањето на темепературите, на кои поради наглите промени и тешко се навикнуваме, се почесто се поставува прашањето - Дали се греете? Многу сограѓани меѓусебно во секојдневната комуникација се консултираат и советуваат дали е паметно да се започне со затоплување на објектите, и дали соседите веќе се греат со оглед на ниските температури, но и поскапувањето на енергенсите кои им задаваат главоволки на луѓето. Некои домаќинства издржуваат подолго без греење, додека други почнаа со топлење уште при првите пониски температури. 

Постои една дилема при користење на парно греење, дали се заштедува пари ако работи цел ден? Но, како и кај повеќето работи, одговорот не е едноставен.

Експертите сугерираат дека оставањето на греењето на пониска температура во текот на денот за да заштедите пари е само мит.

Од една страна, оставајќи го греењето вклучено цел ден, котелот ќе мора да работи за да ја одржува температурата на поставената температура, а вие ќе трошите енергија цел ден. Тие велат подобро е да се постави греењето да започне во избраното време, или одреден период пред да се вратите дома.

Меѓутоа, ако домот е поладен, ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете кога ќе пристигнете и ќе ја вклучите топлината.

Детали на Фактор.мк