Целата е во дрво, на ѕидовите кожи од диви животни: Вака изгледа викендицата на Вук Костиќ на падините на Мокра Гора (ФОТО)

Познатиот актер Вук Костиќ е голем љубител на дивиот свет, а една од неговите најголеми страсти е ловот

Српскиот афирмиран актер Вук Костиќ го направи своето мало засолниште далеку од Белград, на падините на Мокра Гора.

Таму, длабоко во шумата, каде што речиси и да нема жива душа во зима, тој создаде дом во кој радосно го поминува секој момент од своето слободно време.

Овој млад актер е страстен вљубеник во природата, а во слободно време, кога актерските обврски му дозволуваат, оди и на лов. Неговите верни пријатели, кучињата, често го придружуваат во авантурите.

View this post on Instagram

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza)


За време на топлите летни денови, неговата викендица е место за семејни и пријателски собири и не е невообичаено да се пее заедно со добра храна и пијалок.

Вук Костиќ постојано зборуваше за тоа дека животот во градот го заморува и дека би сакал еден ден целосно да се пресели во дивината.

View this post on Instagram

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza)


- Ако автопатот минува до Ужице, еве ме на Мокра Гора и од таму да патувам на претстави до Белград. А планот за бавно повлекување е поврзан со Бигово - рече актерот и додаде:

- Се договорив со Војин Ќетковиќ да купиме кафана, односно куќа и да предавам глума во Цетиње. Да ловиме риби таму, Бигово е на две минути од Тиват - изјави Костиќ минатата година за локалните медиуми.

View this post on Instagram

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza)