„Бев најбедна кога бев најслаба“: Прогласена е за жена со најубаво тело, а денес ја осудуваат бидејќи се здебелила

Познатата манекенка Кели Брук е прогласена за жена со најубаво тело, а еве како изгледа денес.

Кели Брук, модел, актерка и сопственичка на совршено тело според анкета од 2016 година, се присетила на минатото и изјавила дека „најбедна била кога била најслаба“. Таа додаде дека дури сега, на 43 години, се чувствува удобно во сопствената кожа.

„Се фотографирав скоро секој ден од мојот живот и навистина можам да ги видам доказите за тие несреќни времиња. Ги гледам моите стари слики и велам: „Ох, тогаш бев навистина слаба“, а потоа се сеќавам дека бев слаба затоа што нешто ми се случи“, изјави Кели неодамна за британските медиуми.

„Кога поминувате низ раскинувања и тешки периоди во животот, тоа влијае и на вашата исхрана. Најмизерна бев кога бев најслаба“, додала таа. Таа тврди дека нејзината самодоверба се подобрила откако се омажила за Џереми Париси.

„Не случајно сум најсреќна во моето тело сега кога сум во брак, кога го работам она што го сакам со луѓето што ги сакам, кога сум малку постара и позрела и кога, воопшто, во моето семејство се е добро и сите се здрави“, заклучи таа.

Да потсетиме дека во 2016 година, врз основа на нивните лични преференци, експертите дојдоа до „идеални димензии“ според кои телото на жената треба да биде високо 1,68 сантиметри, а обемот на градите, половината и колковите да биде 99 x 63 x 91 сантиметар, што точно одговара на мерките на познатата актерка.

Сепак, и покрај тоа што е научно докажано дека го има „најсовршеното тело на светот“, Брук безброј пати била жртва на потсмев и негативни коментари.

На пример, Брук, чие вистинско име е Кели Ен Парсонс, објави фотографија во бикини во 2017 година, под која луѓето оставаа повеќе од лоши коментари, нарекувајќи ја „кит“ и обвинувајќи ја дека премногу се здебелила.

Како изгледаше Кели кога беше прогласена за „сопственичка“ на совршено тело и како изгледа денес во галеријата подолу.