БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ ПРЕКУ СИЛК РОУД БАНКА - за фирмите кои ќе ја реинвестираат ланската добивка

Силк Роуд Банка АД Скопје потпиша Договор со Развојна Банка на Република Северна Македонија за субвенционирање на камати на кредити на трговски друштва кои ја реинвестираат добивката за 2021 година.

„На тој начин, Банката се приклучи во поддршка на мерките на Владата за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, како и мерките за финансиска поддршка на правните лица преку Развојната Банка“, се вели во соопштението од Банката.

Станува збор за кредити со 0 отсто каматна стапка (за правното лице), наменети за обртни средства за трговски друштва кои ја реинвестираат добивката за 2021 година. Кредитите се со рок на враќање до 12 месеци. Максималниот износ на кредит може да изнесува 30 милиони денари, а минимален износ 300 илјади денари, односно 20 отсто од реинвестираната добивка.  

Силк Роуд Банка продолжува да биде сигурен и доверлив бизнис партнер на економијата, проширувајќи ја постоечката понуда на производи и услуги за правни лица, со цел да го поддржи нивниот раст и развој.

ПР Објава