Не пивнуваше, пиеше алкохол како маж и правеше жестоки испади: Стана најомразена личност во Холивуд, па реши да си го смени животот

Поранешната манекенка, Криси Тајген често се појавуваше во медиумите, но најмногу во негативен контекст, а откако неколку познати личности ја обвинија за сајбер-малтретирање, на ред дојдоа нејзините пластични операции, а сега Криси се покажува во ново светло и слави 365 дена откако последен пат конзумирала алкохол.

Криси се огласи на својот Инстаграм за да ги извести фановите дека помина точно една година откако последен пат пиела алкохол, а беше отворена и искрена за своите емоции.

„Понекогаш ми недостига тоа зашеметено и безгрижно чувство, но да бидам искрена, на крајот алкохолот престана да ми го дава тоа забавно чувство. Пиев за да се справам со анксиозноста што ја чувствував, но тоа на крајот таа исчезна кога престанав да пијам“.


Покрај тоа, манекенката откри дека не се сеќава јасно на одредени моменти од својот живот бидејќи била под дејство на алкохол.

„Понекогаш ме фрустрира кога ќе се навратам на деновите на кои не се сеќавам добро поради алкохолот. Како во времето кога пиев текила и заспав во ресторан додека готвачот ме учеше мене и моите пријатели како да направиме пржен кромид. Посакувам да се сетам на која било награда“, напиша Криси.

Спасот го најде во терапијата


Таа призна дека забележала дека нејзиниот поглед изгледа отсутен, односно изгубен, на одредени фотографии кои одбележале некои од важните моменти во нејзиниот живот, како работните денови и снимањата, но и деновите на плажа кои ги поминала со семејството...


Не е сигурна дали некогаш повторно ќе се напие, но знае дека не сака повеќе да се чувствува така и не сака да заборава важните работи што се случуваат. Проблемите што ги има ќе се обиде да ги реши преку терапија, а ќе се откаже од алкохолот.

Манекенката е во брак со популарниот пејач Џон Леџенд со кој има две деца, ќерката Луна и синот Мајлс.


Да потсетиме дека Криси и Џон на крајот на септември 2020 година објавија дека го изгубија бебето Џек кое се роди предвреме, во периодот потоа таа имаше чудни изјави, како на пример дека секогаш со себе ја носат пепелта од бебето, а парот оттогаш се обидува повторно да добие трето дете.

Покрај тоа, Криси беше мета на многумина откако протекоа нејзините твитови од 2011 година во кои на тогаш 16-годишната старлета Кортни Стоден ѝ порача дека „треба да се убие“, што најпосакуваната ѕвезда во Холивуд ја направи „персона нон грата“.

Извор: zena.blic.rs