Беше најубавата актерка во Југославија: Погледнете како изгледаше познатата Даница Максимовиќ во младоста (ФОТО)

Познатата актерка Даница Максимовиќ важи за една од најубавите српски актерки

Познатата актерка Даница Максимовиќ својата кариера ја изгради глумејќи во голем број познати филмови и серии.

На деветнаесетгодишна возраст Даница се преселила во Белград. Завршила актерство на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорката Миња Дедиќ, заедно со Бранислав Лечиќ и Дара Џокиќ.


Првата филмска улога ја одигра во 1980-та година во филмот „Хајдук“. Заедно со Тања Бошковиќ, Миленко Павлов и Раде Марјановиќ, таа беше долгогодишен водител на театарскиот репертоар на театарот „Теразије“.


Иако зачекори во седмата деценија, актерката сепак изгледа одлично. Многумина сè уште веруваат дека таа и понатаму е многу привлечна жена, која има изграден моден стил на кој можат да ѝ позавидат многу нејзини помлади колешки.

Извор: glossy.espreso.co.rs