Беа големи колку 2л Кока-Кола, денес се големи борци: Маја Кикириткова за двете предвремено родени деца

Денес е светски ден на предвремено родени деца, а овие мои и двете побрзаа да се родат порано, па секој 17 Ноември го обележувам како наш празник. Пораснати, големи борци, а какви мали прцули беа, големи колку 2л CocaCola. Растете заедно деца мои, чувајте се и сакајте се засекогаш!

Ве сака мама ! - сподели на Инстаграм познатата модна дизајнерка Маја Кикириткова.

Таа не зборува прв пат за двете предвремени породувања, туку е отворена на темата уште од старт.

Пред скоро четири години за првпат се оствари во улогата на мајка со синот Лазар, предвремено родено бебе за кое Кикириткова на 17-ти ноември ( светскиот ден на предвремено родени бебеиња) напиша:

„Лазар... ти си првиот мој борец, кој јуначки се избори за да бидеш со нас и еве сега си дечко од неполни три години. Те сакаат мама и тато и секогаш ќе бидат тука за тебе.“


Тука не завршува борбата на Маја, бидејќи и со втората бременост наидува на потешкотии, за кои искрено пишува на својот профил на Инстаграм:

„Ева... и име не сакавме да ти дадеме, малер да не ствараме. Алишта ти немав испрано, не разговарав на темата пораѓај. Ја чекав 36та недела, ама не ја дочекав. И ти како и бато побрза за да дојдеш на овој свет. Знам дека си јунакиња моја. Мама и тато се побелени во главите, ама ве сакаат бескрајно и секогаш ќе бидат тука за вас.“


Денес Ева има 2 и пол години и за среќа се е во ред, а мама Маја и тато Александар уживаат со своите најмили. 


ФОТО: Инстаграм/Маја Кикириткова

Прочитајте ги и следниве поврзани приказни:

Д-р Денис Ал Кхалили: Родителите треба да се информираат за предвременото породување уште во бременоста

Прогнозите на докторите беа дека дете од 700 грама не може да преживее: Валандовчанката Надица, мајка на херојот Лука за Женски Магазин

Се борев сама пред операционата сала 12 часа и 30 минути: Валандовчанката Надица за нејзиниот син, херојот Лука

Кога сите доктори велеа дека не можам да забременам, останав бремена не со едно, со две бебиња: Скопјанката Лолита со силна верба се оствари како мајка