Ама зашто купувате макарони, конзерви и маски?

Во аптеките нема маски со денови, а граѓаните кои вчера успеале да најдат ги купиле за 25 денари иако редовната цена пред појавата на грипот и стравот од корона-вирус беше десет денари за парче. Во аптеките нема ниту средства за дезинфекција, а паниката кај граѓаните почна да се зголемува вчера попладнето кога беше потврдено дека во Македонија е регистриран првиот случај на лице заболено од корона-вирус. 

Дел од граѓаните објавија подоцна слики на социјалните мрежи од празни рафтови, иако претходно во текот на денот немаше навала за купување производи во поголема количина. Сето ова предизвика реакции. Дел од луѓето се прашуваат зошто сега некој сака да профитира па ги зголемува цените на маските или средствата за дезинфекција, но имаше и такви кои негодуваат што граѓаните купуваат храна за „недај боже“.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк