,

Менторирањето како модел за поттикнување на претрпиемништвото-Менторска програма за жени претприемници и професионалци

Македонската мрежа на ментори со поддршка на Холанската Амбасада во Скопје, со гордост го најавува новиот менторски циклус за жени претприемници и професионалци кој ќе се спроведе во текот на 2018 година и истиот ке вклучува учесници од Македонија, Косово Албанија и Холандија. Целта на проектот е да ги поврзе претприемничките и професионалците од регионот преку соодветно креирана менторска програма а во исто време да реализира професионално поврзување со бизниси и профеесионалци од Холандија.  Во оваа програма ќе бидат вклучени 30 учесници од регионот како и 15 ментори од Холандија. За таа цел, Македонската мрежа на ментори во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија организира инфо сесии во Скопје, Тирана и Приштина каде што ке можете подетално да се информирате за самата програма На следниот линк  http://internationalmentoringplatform.org/forum.php#можете да најдете информација за инфо сесиите, повикот за аплицирање заедно со кретериумите кои треба да бидат исполнети, како и апликациската форма која треба да ја поднесете најдоцна до 15ти Февруари, 2018 година. Резултатите од селекцијата на учесници ке биде спроведена најдоцна до 20 ти Февруари, 2018 година. Aпликација       https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfsPnXEK00I7-HaUBAxFst6F0DsNbvthI-WQvmLH0LjN6IaYg/viewform