Жената со најубава насмевка денес слави роденден: Се заљубила во оженет маж, а нејзините совети допираат до срцето на секоја жена

Џулија Фиона Робертс актерка која зрачи со позитивна енергија преку магична насмевка, ѕвездата на филмот „Јади, моли се, сакај (Eat, Pray, Love)“ и (базиран според книгата на Елизабет Гилберт) и „Pretty Woman“ во зрелите години промени многу работи во својот живот - од ставот, прифаќање на природниот изглед, медитација и поедноставен поглед на животот денес полни 55 години.

Покрај работата, актерката, како што наведува, се труди што повеќе време да поминува во семејниот дом со своите најблиски, а како што се зголемува бројот на свеќи на нејзината торта, таа се повеќе инсистира дека „женската убавина доаѓа од внатре". 

View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliarobertsfanss)



Денес ви пренесуваме четири моќни пораки од Џулија Робертс за изгледот, љубовните врски и животот - кои ќе послужат како инспирација за многу жени:

„Совршеноста е болест на многу жени. Ги покриваме нашите лица со тон шминка. Редовно си вбризгуваме ботокс и се изгладнуваме за „совршен изглед“. Се обидуваме да поправиме нешто што воопшто не ни треба. А она за кое прво треба да се грижиме, останува без наше внимание“.

„Жените не се центар за рехабилитација за мажи. Тие не мора да ги чуваат, менуваат и да се грижат за нив. На жената ѝ треба партнер, а не проект“.

„Колку жената старее, толку повеќе нејзиниот внатрешен свет се рефлектира на нејзиното лице...“

„Апсолутно не сакам од своите деца да правам мали генијалци, мали актери, мали успешни бизнисмени. Сакам децата да влегуваат во куќата валкани и со мирис на пот, прашина и сонце“.

Затоа трудете се секој ден да одвојувате време за себе, за вашите соништа, желби, мали ритуали. Во себе носете искра на љубов и радост – тогаш годините, брчките и килограмите стануваат само небитна бројка.

 Ги менувала мажите како чорапи, а се заљубила во оженет маж

Познатата актерка Џулија Робертс се заљубила во својот сопруг на прв поглед, вели таа, а тој тогаш бил во брак.

Актерката Џулија Робертс (54) ја прослави 20-годишнината од бракот со камерманот Даниел Модер (53), а својата среќа ја сподели со обожавателите на Инстаграм.

„Не можам да престанам да се смеам, не можам да престанам да бакнувам“, напишала познатата актерка покрај фотографијата на која се бакнува со сопругот.

Познатата актерка, позната и по убавата насмевка, се омажи за музичаркот Лил Ловет во 1993 година, но се разведоа по само две години брак. Во 2002 година, таа повторно се омажи за камерманот Даниел Модер, со кој е во брак и денес. Свадбата се одржа на нејзиниот ранч во Таос, Ново Мексико.



Кога се запознале, тој бил во брак со Вера Стајмберг, а набргу откако познатата актерка влезе во неговиот живот, поднесе барање за развод. Во тоа време, некои луѓе ја нарекуваа Јулија „уништувач на бракови“, бидејќи, како што беше напишано, таа киднапирала туѓ сопруг.

За нивната прва средба, актерката рече:

„Веднаш се заљубив во него. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да мислам на него и знаев дека ќе западнам во неволја“.

View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliarobertsfanss)


Двојката има три деца. Во 2004 година тие добија близнаци, ќерката Хејзел и синот Финеус, а три години подоцна добија уште еден син, Хенри.

Во 2000 година, списанието People ја вклучи Џулија Робертс во 50-те најубави луѓе на светот, а во 2010 година истиот магазин и ја додели титулата за најубава жена на светот. Во 2017 година со сопругот и децата ја посетила Хрватска и, меѓу другото, престојувала и во Сплит.

Пред првиот брак, Џулија Робертс беше накратко свршена со актерот Кифер Сатерленд, но тие раскинаа во 1991 година само неколку дена пред свадбата.

Во 1993 година, таа се омажи за кантри пејачот Лил Ловет, кој го запозна само три недели пред нивната свадбена церемонија. Сепак, тие раскинаа во 1995 година, а на јавноста до ден денес не и е јасно што направила со него бидејќи многумина го сметаат за еден од најнеугледните мажи во Холивуд.

Таа, исто така, беше романтично поврзана со актерите Дилан Мекдермот, Метју Пери, Џејсон Патрик и Лијам Нисон.


Фото: Инстаграм