„Жена не се зема за мажење ако спиела со повеќе од пет мажи“: По овој коментар жени споделуваат колку сексуални партнери имале пред да влезат во брак

Жените одговараат и дебатираат на тема „со колку мажи спиеле“.

Минатата недела во Србија се покрена дебата по коментар на маж по име Душан, дека „жената не е за земање ако спиела со повеќе од пет мажи“. Коментарот секако збесна многу жени, а и мажи.

Причината за овој гнев се подразбира, бидејќи секој од нас одлучува за својот живот и за своите избори.

Така српскиот магазин НајЖена направи анкета на нивната Viber заедница, на тема „број на партнери“, а прашањето е иронично секако: „Ајде провери дали си квалификувана за брак според стандардите на Душан“.
„Колку сексуални партнери сте имале досега?"

Според анкетата, 65% од жените имале 0-5 сексуални партнери пред да влезат во брак,

Не знаеме зошто резултатите се вакви, ниту ќе навлегуваме во нивното толкување бидејќи не можеме да знаеме само врз основа на анкетата. Затоа можеме да се повикаме на коментарите на читателите од оваа Вибер заедница.

- Влегов во брак со 0 искуство и никогаш не сум зажалила. Некако се чувствував посмирено, но поради ова, често изгледав како изгубена овца.

- Мојот сегашен сопруг беше мојот прв сексуален партнер. Мислам дека една од најлошите карактеристики на нас Србите е тоа што гледаме само на женскиот пол, ние да сме девици, ни да имаме што помалку партнери и слично. Кога мажот влегува во брак како невин, сите гледаат во него како да е свиња затоа што тој е маж, тој треба да менува сексуални партнери, но ние жените не.

- Кога ќе пораснеш во мала средина, сите ти ги бројат партнерите. Се лишувате од телесното задоволство затоа што околината ви наметнува дека е „грев“. Ако не сакате да ве етикетираат, вашата „репутација“ е важна. „О, таа ти е лесна риба“, ќе те следи до гроб. Затуцана средина е голем товар. Тажно но вистинито.

- Бројот на сексуални партнери нема многу врска со подготвеноста за стапување во брак.

- Мојот сегашен вереник е вториот, со тоа што пред него невиноста ја изгубив со момче кое што сакаше само да ме искористи.

- Ако жената имала повеќе од еден партнер, таа не е домаќинка.

- Мислам, жената има свои права и што е важно со колку спиела.

- Во брак сум 55 години и се омажив на 19 години со 0 поранешни, и до ден денес сум само на број 1. Зошто би го сменила тоа кога сум среќна и ништо не ми фали...

Сите овие претходни одговори ги напишаа жени, а во продолжение ви пренесуваме долг коментар оставен од маж:

- Жени, што ви е? Од што се срамите? Од што се плашите? Па, каква врска има тоа со колку мажи сте биле? На пример, една девојка, една жена имала 20+ мажи и запознала некој со кој е сега. Го сака и обожава и е со него, а не со оние пред него. Значи, подобар е од сите претходни. Ако жената немала повеќе мажи, тогаш како ќе се споредува? Како ќе знае кој е најдобр за неа? Ги советував моите ќерки да имаат повеќе од едно момче и потоа да го изберат вистинскиот. Фала му на Бога, и двете се во среќен брак и имаат свои стабилни семејства. Јас така гледам и така ги советувам помладите. Поздрав до сите жени.

Што мислите вие за темата? Пишете ни во коментари.


извор;najzena