Запознајте ја „најниската двојка на светот“, високa вкупно 180 сантиметри: Се соочуваат со различни предизвици, но љубовта е посилна од сè

Пол ја запроси својата избраничка во ресторан, а потоа се венчаа во 2016-ta година

Во светот постојат многу необични рекорди кои се вклучени во Гинисовата книга. Меѓу нив е и бразилска брачна двојка која е прогласена за најниска на светот.

Катиција Ли Хошино Барос и Пауло Габриел да Силва Барос се во брак шест години, а нивната вкупна висина е 180 сантиметри.

Имено, Пауло боледува од џуџест раст предизвикан од дистрофична мускулна дисплазија, додека Катиција е родена со ахондроплазија.

Симпатичниот пар се запознал пред повеќе од десет години, а со своите следбеници споделуваат детали од нивното секојдневие.

Една од работите на кои посочуваат се тешкотиите со кои се соочуваат луѓето со џуџест раст - од превисоки вц школки, до неможноста да стигнат до работите на полиците во продавниците.

- Кога се зборува за инклузија и пристапност, луѓето мислат на параплегија или слични попречености. Џуџестиот раст речиси никогаш не се споменува. Затоа практично нема помали банкарски шалтери, адаптирани тоалети и слично – вели Пауло.

Во едно од неговите видеа, Пауло покажува како се качува на стол за да земе намирници од фрижидер додека подготвува оброк, додека во друго турка количка околу супермаркетот и тешко доаѓа до намирниците на повисоките полици.


Пауло по професија е професионален готвач, додека неговата сопруга е козметичарка. Велат дека секојдневно добиваат бројни позитивни коментари од своите фанови, од кои повеќето се поддршка.

- Различноста мора да се прифати. Многу луѓе испраќаат пораки дека носиме радост и дека со нашата содржина ја победиле депресијата – рече тој.

Двојката се „нашла“ во 2006 година преку Интернет, а Катиција на почетокот не сакала да воспостави контакт со Пауло.

Ѝ бил досаден, па дури и го блокирала. Меѓутоа, по повеќе од една година таа решила да му даде шанса.

Бидејќи не живееле во исти градови, парот решил лично да се запознае и тогаш сфатиле дека сакаат да живеат заедно. Набрзо се вселиле во специјално адаптирана куќа во општината Итапева, Бразил.

View this post on Instagram

A post shared by Guinness World Records (@guinnessworldrecords)


Пауло ја запроси својата избраничка во ресторан, а потоа се венчаа во 2016-та година. Истата година тие добија сертификат од Гинисовата книга на рекорди за најмалиот пар во светот.

Дел од нивното семејство е и нивниот миленик Милади.

View this post on Instagram

A post shared by Menor Casal (@omenorcasaldomundo)


Иако заедно изгледаат кревко и ситно, парот истакна дека нивните срца, како и љубовта еден кон друг, се огромни. Затоа, животните предизвици кои се пред нив изгледаат многу помалку сериозни, бидејќи заедно се справуваат со нив.

(Telegraf.rs)