Запознајте ја Џастина Мајлс: Толкувачот на знаковен јазик на Ријана и првиот црн глув изведувач на Супер Бол

Интернет-обожавателите на Ријана се опседнати со 20-годишната девојка која студира за да стане медицинска сестра и е специјалист за американски знаковен јазик, а воедно го „украде“ шоуто на Супер Бол

Додека Ријана се врати на сцената со експлозивен настап на полувремето во Супер Бол, фановите ја забележаа и новата ѕвезда во градот, 20-годишната студентка и специјалист за американски знаковен јазик, Џастина Мајлс. 

Имено Мајлс првпат беше забележана кога нејзината „TikTok“ верзија на „Crush On You“ на Лил Ким стана вирална на Твитер. Таа е исто така спортистка која студира за да стане медицинска сестра на Државниот универзитет Боуви.


Изведувачката имаше задача да го интерпретира долгоочекуваниот настап на Ријана на полувремето за Супер Бол, а гледачите беа повеќе од импресионирани, особено со оглед на тоа што Мајлс е првата глува изведувачка што воошто настапила на шоуто. Видеата од нејзиниот енергичен рецитал на песни како „Bitch Better Have My Money“ и „We Found Love“ оттогаш станаа вирални, бидејќи Мајлс сега негува сопствена база на обожаватели.


Зборувајќи за нејзиниот настап, Мајлс изјави за CNBC дека ова„е важен момент не само за мене да го споделам ова искуство со целиот свет, но навистина да им го донесам тоа зајакнување на милиони и милиони црни глуви луѓе ширум земјата кои никогаш навистина не виделе тоа порано. Чувствувам дека тоа навистина го крева секој глас, дури и мојот глас“.

„Имаше тројца глуви изведувачи на Супер Боул кои не успеавме да ги видиме. Џастина Мајлс беше првата црна глува жена која изведе американски знаковен јазик на шоуто пред натпреварот и полувремето на Супер Бол“, напиша еден корисник на Твитер.


Мајлс, исто така, влезе во историјата со тоа што стана првата глува жена што ја изведе химната пред шоуто „Lift Every Voice and Sing“, која ја отпеа пејачката и актерка Шерил Ли Ралф.

Извор: www.hungertv.com