За прв пат во историјата на машкиот фудбалски шампионат: Жени ќе судат на Светското првенство во Катар 2022

Кога зборуваме за родова еднаквост во спортот, фудбалот навистина не може да се пофали со тоа. Потценувањето го гледаме во платите, но и во нивното претставување на самиот врв на најважното споредно нешто во светот.

Затоа нè воодушеви веста дека на годинашното Светско првенство за машки фудбал (Катар 2022, од 20. ноември), првпат ќе судат жени.

На судиите им се придружија три женски судијки кои со своето знаење и искуство ќе му покажат на целиот свет дека се борат за родова еднаквост во спортот.

Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукансанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија ќе се приклучат на групата од 36 мажи кои ќе го следат секој чекор на фудбалерите на теренот во Катар.

Со ова се заокружува долгиот процес кој започна пред неколку години со распоредувањето на женски судии на турнирите за јуниори и сениори на ФИФА, изјави првиот човек на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

- Се надевам дека во иднина изборот на елитни женски судии за важни машки натпреварувања ќе се доживува како нешто нормално, а не како сензационализам. Тие заслужуваат да бидат на Светското првенство во ФИФА бидејќи постојано играат на навистина високо ниво, а тоа е важен фактор за нас, додаде Колина.

На ова првенство ќе имаме можност да запознаеме три жени кои биле на самиот врв на фудбалот долго време. Стефани Фрапар од Франција го судеше финалето на Светското првенство за жени, а стана и првиот службеник на натпревар од првата француска лига.

фото:PROFMEDIA

Јамашита стекна искуство судејќи на женски првенства, а круна на нејзината кариера се Олимписките игри во Токио во 2020 година.

фото:PROFMEDIA

Салима Мукансанга, исто така, има богато искуство, а беше прва службеничка на Светското првенство за жени во Франција во 2019 година. Се надеваме дека се повеќе жени во копачки ќе ги следат стапките на овие судијки кои започнаа нова ера во најпопуларниот машки спорт.

фото:PROFMEDIA


извор:zadovoljnja.dnevnik.hr

Наклон до небо: Алексија Путелјас втора година по ред е најдобрата светска фудбалерка

Големо признание за Ива Пројковска: Избрана е во елитното друштво на судијки за UEFA Women's EURO 2022 во Англија