Вознемирувачка вистина: Погледнете како изгледаат силикони после 35 години носење (ВИДЕО)

Докторка по пластична хирургија покажала изглед на силикони после 3 децении

Докторката за пластична хирургија Никол Кастелес на својот TikTok сподели видео од силикон во градите по одреден временски период. Таа истакна ситуации кои воопшто не се пријатни, а кои можат многу лесно да се случат.

Таа со децении работи во индустријата за пластична хирургија. Докторката била непријатно изненадена од она што морала да го види. Имено, откако извадиле силикони од градите на жена која ги има од 1985 година, тие се скршиле и протекле.

Шокирана од состојбата на имплантите кои се калцифицирале во пациентот по пукањето, д-р Кастелес на TikTok го сподели своето откритие.



Станаа тврди и течеа од сите страни. Таа ги ротирала силиконите за да можат да се видат од сите агли, а оваа глетка ќе ве натера двапати да размислите пред да се одлучите на ваков чекор. Таквата маса воопшто не наликува на онаа проѕирна и мазна маса што имаме можност да ја видиме во ординација кога лекарите ќе ја покажат.

Овие импланти се стари 35 години, а 65-годишната пациентка ги задржала по предлог на друг специјалист. Докторката нагласила дека не добила соодветна медицинска нега.


foto: screenshot TikToc/Freepik