Во брак се 14 години, и ден денес ѝ го носи првото кафе во кревет: Убавата водителка Марија Поповиќ и нејзиниот сопруг го имаат вистинскиот рецепт за успех

Убавата водителка Марија Поповиќ сме ја гледале во многу емисии, а ретко кој знае дека е во брак со познат водител.

Познатата српска водителка Марија Поповиќ на гледачите им е добро позната од малите екрани. Публиката ја препозна и ја засака речиси од првиот ден кога се појави на телевизија. 


Иако е многу позната личност, одобено од емисијата „РТС ординација“, Марија се труди својата интимност и брачен живот да ги држи зад затворени врати. Токму ова е причината поради која малкумина знаат дека таа е во брак со многу познат новинар и водител на популарна емисија.

Имено, Марија е сопруга на Милан Поповиќ, кого публиката можеше да го види во серијата „Мојата дедовина“, шоу кое запуштените селски домаќинства ги претвора во имоти со нов сјај.


Марија и Милан се во брак 14 години, а како круна на нивната голема и искрена љубов дојде нивната ќерка Софија.


  
На новинарско прашање како изгледа животот со партнер од истата професија, Марија низ насмевка одговори:

- Има и предности и недостатоци. Но има повеќе добри страни.


Марија е пресреќна што пред 14 години го пронашла мажот на нејзиниот живот кој сè уште ѝ го носи првото утринско кафе во кревет.

- Го сакам мојот сопруг! Што да кажам! Да ми кажеше некој кога бев тинејџер дека добро ќе се омажам и дека маж ми вака ќе се грижи за мене, ќе му кажев дека тоа е невозможно. Милан сè уште секое утро ми прави и носи кафе во кревет. Софија убаво вели: „Додека тато не свари кафе, мама не гледа“.

Милан и Марија се голема поддршка еден на друг, и покажуваат дека тоа е единствениот вистински рецепт за успех во бизнисот, но и во животот воопшто.


Таа на Инстаграм споделува нивни заеднички моменти и во една прилика објави:

Можно е да се расправате и со најдобриот сопруг на светот.
Од првиот ден си кажуваме сè што мислиме, тоа понекогаш води до расправии, но токму тие мини расправии го спасија нашиот брак. Како? Па, ништо никогаш не оди под тепих…. НИКОГАШ!

извор:GLOSSY