Владата со пакет олеснување за енергетската криза, производителите на храна ќе плаќаат поевтина струја

Владата по вчерашната седница соопшти дека од декември ќе има поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија за водоснабдување преку склучување на директни договори со ЕСМ Производство.

Ќе се ублажува ударот од енергетската криза со 80 евра за мегават час за компаниите кои произведуваат брашно, леб, масло, млеко и месни производи. Министерот за економија Крешни Бектеши рече дека се работи за околу 200 компании.

Нешто поскапа струјаод 95 евра за мегават час ќе добиваат основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водни услуги. 

Детали читајте на Фактор тука.