(ВИДЕО) Боење велигденски јајца со пена за бричење-нова интересна авантура

Боењето јајца со пена за бричење стана мала авантура и жените ширум светот смислуваат разни начини на кои ова ќе го направат наједноставно а најефективно. Денес ви претставуваме идеја, како да офарбате јајца со помош на пена за бричење.

За оваа техника најдобро е да користите бели јајца.


Потребно ви е:

-сварени јајца

-пена за бричење

-прехрамбена гел боја

-чачкалици

-салфети

Изработка:

1. Сварените јајца добро изладете ги и избришајте

2. Во еден сад или тепсија, рамномерно распоредете ја пената за бричење, како што правите со белките кога печете торта.

3. Преку пената капнете неколку капи разни прехрамбени бои

4. Овие бои развлечете ги со чачкалиците за да добиете убави шари кои се преливаат

5. Потоа намачкајте ги јајцата во оваа шарена пена и оставете неколку минути.

6. Лушпата од јајцете ќе ја впие бојата, а се што потоа е потребно е добро да ја избришете пената.

7. Можете јајцата да ги премачката со малку масло, за да добијат сјај и поинтензивност на бојата.

8. За повеќе нијанси, можете да користите модли за мафини

Во видеото ќе ја разберете постапката подобро: