Вереницата на Арон Картер плаче пред неговата куќа: Ѝ кршеше ребра, ја исфрли на улица со бебето, а таа е неутешна поради неговата смрт!

Арон Картер, помладиот брат на Ник Картер, популарен член на бендот The Backstreet Boys, почина на 35-годишна возраст оваа сабота, а беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија. Официјалната причина за смртта сѐ уште не е објавена.

Пејачот имаше неколку дијагнози - повеќекратно растројство на личноста, шизофренија и акутна анксиозност, а често беше во очите на јавноста поради скандали.

Имено, во ноември минатата година американските медиуми пишуваа за него бидејќи една недела по породувањето ги исфрлил од дома својата вереница Мелани Мартин и нивниот син Принс.



Картер и Мелани се обвинија за злоупотреба, а потоа се помирија. Наскоро повторно раскинаа и таа побара забрана за Арон. Таа во полицијата во Лос Анџелес изјавила дека тој ја нападнал и ѝ скршил три ребра.

„Се скаравме бидејќи разговарав со друг маж додека бевме на пауза во нашата врска. Тој ме удри во левото ребро и ме турна. Болката ја почувствував по неколку дена“, тврди таа.

„Мислам дека тој ден пиеше премногу апчиња, што резултираше со агресија. Веројатно не се ни сеќава дека го направил тоа. Мислам дека му треба совет како да го контролира својот гнев. Тој е многу љубоморен и треба да биде порационален бидејќи го прави тоа. Дури не се сеќава дека тој го направи тоа“, објасни таа што се случило.



Во саботата, Мелани беше снимена како плаче со маж и жена пред домот на Арон. Таму се појавила непосредно пред да биде однесено телото на пејачот.

Кога се појави веста за смртта на Арон, Мелани објави видео на кое плаче во нејзиниот автомобил на TikTok. После тоа, таа на својата приказна на Инстаграм сподели фотографија на која се бакнуваат со Картер и напиша: „Не можам да дишам“.

„Сè уште сме во процес на прифаќање на оваа несреќна реалност. Многу ги цениме вашите мисли и молитви“, објави таа подоцна .


Мелани и Арон почнаа да се забавуваат на почетокот на 2020 година. Тие беа заедно два месеци кога пејачот реши да го истетовира нејзиното име над десната веѓа. По раскинувањето и помирувањето и нејзиното апсење за насилство и кауција од 50.000 долари, тие се свршија во јуни 2020 година.

Тие добија син на 22 ноември минатата година и го нарекоа Принс Лирик, но нивната среќа не траеше долго откако пејачот ги избрка од дома вереницата и детето.

„Сето тоа е прекрасен благослов бидејќи бев во многу врски и почнав да се откажувам од љубовта. Со години зборувам за тоа да имам семејство", изјави Картер за списанието Us еден месец подоцна.

„Сакав да бидам дома и да уживам во љубовта на мојот живот и мојот син. Сега кога е тука, тоа е како просветлување. Секоја минута стана толку драгоцена и секое малку време што сега минува..... Навистина го сменив начинот на кој размислувам. На многу луѓе им дадов втора и трета шанса, како што можете да видите со нас и работите низ кои поминавме“, додаде тој.

Арон во септември изјави дека Мелани има привремено старателство над Принс поради семејно насилство и употреба на дрога, и оти влегол во програма за доброволна рехабилитација во обид да го врати старателството.