Утринско кафе со Дејан Бошковски: Mногу љубов и малку шеќер-златно правило за најдоброто кафе

Станувам порано од другите. Пијам силно кафе, пишувајќи го распоредот за дневните тренинзи. Имам и куче. Се вика Дариј. Дариј ми рече да ви кажам здраво.


Во однос на бенефитите за кафето...Еј, подобри се од што можете да претпоставите. Освен физичките моменти на расонување и подобрена циркулација, кафето ги подобрува когнитивните способности и сетилата кај човекот. Пијам литро вода обавезно и си мафтам со комшиката од 4ти. Задолжително.

Според мене најдоброто кафе, се прави со многу љубов и малку шеќер. Тоа е златно правило.

Обожавам да работам со луѓе и да тренирам. Самата радост од тоа што можам да го работам она што најмногу го сакам, ме исполнува и дава сета енергија која човек може да ја замисли.

 

Резултатот и успехот на моите клиенти, се мојот најголем мотив. Тоа што некој пат нив им се чини невозможно, во мојата глава е само последица на време и вложен труд. Ме мотивира и Стеф Кари и Игорче Трпески.

Не зависам од никој и ништо, затоа сум успешен. Моите дневни планови ротираат околу тренинзите кои ги правам. Моето куче Дариј исто како батко му не зависи од никој и ништо, затоа е успешен.

 

Како ми завршува денот... Па, за да можам да легнам со некоја девојка, треба да можам со истата да станам, што значи дека треба да знае многу добро кафе да ми направи. Такви за жал многу нема. А таа бившата што правеше добро кафе ме остави за Америка (се смее).

Читам книги, а филмови не гледам, освен во кино, заради самиот амбиент и друштвото. Книгите се неописливо богатство и ги третирам како разговор со високо интелигентна личност од која читајќи можам да научам нешто. Ако не е книга за психологија, тогаш е некој научен труд, или Женски магазин .

„Радоста е вештина и избор“. Животот е еден и сѐ што правам е да станам човекот кој сакам да бидам и тој да му го подарам на светот. Се сложува и Дариј. Заедно ве поздравуваме, и ве каниме да дојдете на некој тренинг.



*Дејан Бошковски - Персонален фитнес тренер