Три деца им загинаа во несреќа, а на годишнината од нивната смрт се случило чудо: Ожалостените родители размислувале за самоубиство, а добија тројки

Семејството Кобл од Америка има една од најтрагичните и најчудесни семејни приказни. Откако нивните три деца загинале во сообраќајна несреќа на ист ден во 2007 година, тие ги пречекале тројките речиси на годишнината од нивната смрт.

Ден по 5-тиот роденден на нејзиниот син Кајл, Лори Кобл возела во трговскиот центар со своите мали деца - Кајл, 4-годишната Ема и 2-годишната Кејти - и нејзината мајка Синди. Семејството заминало во трговски центар каде имало панорамско тркало, на кое Кајл сакал да се вози, како и продавница за домашни миленици. Како што наближуваше времето за спиење, тие се вратија во комбето за да се упатат дома. Лори возејќи удрила во сообраќајна сигнализација додека се обидувала да излезе од автопатот. Како што стоела така удрена во сигнализацијата, се свртела и ја видела Кејти како тоне во син. Токму тогаш, голем камион тежок 18 тони удрил во задниот дел од комбето на Лора.

Страшни вести една по друга

Лори останала без свест, а децата биле тешко повредени. Траумата била толку голема што итната медицинска помош морала да го раздвои семејството. Ги испратиле Синди и Лори во една болница, Кајл и Кејти во друга, а Ема во трета. Крис, сопругот на Лора и татко на децата, бил на работа кога бил информиран за несреќата. Тој отишол во болница каде што биле однесени Лори и Синди.

Кога пристигнал, бил однесен во мала соба во близина на Итната помош.

Докторот ми рече: „Жал ми е, но Кејти почина. Поминаа уште неколку минути и ми рекоа дека се јавил докторот од болницата Седлбек. Јас одговорив и првото нешто што реков беше: „Те молам кажи ми дека Ема е жива“. А тој рече: „Извинете, но Ема почина. Го испуштив телефонот. Едноставно не можев да верувам дека тоа се случува“.

„Тие рекоа дека мора да го исклучат од апаратите за дишење“

Крис ѝ кажал на Лора дека двете девојчиња починале, а потоа итно отишол во болницата каде што бил примен Кајл. Иако Кајл имал отворените очи, а тоа било надеж за Крис, лекарите му ја кажале вистината. Мозокот на Кајл не добивал кислород. Тие препорачале на Кајл да му се извади апаратот за одржување во живот. Лори е итно била пренесена во болницата на Кајл за таа и Крис да можат заедно да се збогуваат со Кајл.

„Таа се качи во својата инвалидска количка да го прегрне Кајл и рече: „Тој мора да оди со своите сестри сега. Неговите сестри го чекаат“, се присетил Крис на најтешкиот момент.

„Ги исклучија апаратите. Ја држев раката на неговите гради додека не застана срцето. И тој си замина“.

Лори и Крис велат дека станале свесни за трагедијата кога морале да направат погреб на Кајл, Ема и Кејти.

„Си ветивме  еден на друг дека нема да се самоубиеме“

„Денот пред погребот имавме признание. Моравме да одиме да ги видиме децата последен пат“, раскажала Лори.

„Тие ја отворија вратата, а во задниот дел од собата имаше само три мали ковчези“, рекоа тие во шоуто на Опра Вимфри.

Додека минуваа низ најлошите денови од животот, Лори и Крис си ветија дека нема да извршат самоубиство.

„До одреден степен, сакате да бидете со децата за да ставите крај на тоа постојано чувство на тага. Можете лесно да одлучите да си го одземете животот бидејќи можеби е подобро во смисла да ги видите повторно. Но, во исто време, напуштате уште една личност“, споделија Лори и Крис со гледачите.

Три месеци по несреќата, Крис и Лори решија да се обидат да добијат деца.

Од медицински причини се обиделе со ИВФ. Во првиот обид почнаа со 10 јајцеклетки. Три беа успешно оплодени - две девојчиња и едно момче.

„Две девојчиња и момче беа знак“

Сакавме да вратиме само две, но кога дознавме дека се тројки, поточно две девојчиња и едно момче, сфативме дека тоа е знак одозгора“, вели Лори.

Речиси точно една година по смртта на Кајл, Ема и Кејти, Лори родила тројки - Ешли, Ели и Џејк! Додека раѓањето на Ешли, Ели и Џејк е чудо, Лори и Крис се уште тагуваат по своите изгубени деца.

„Тие никогаш нема да ги заменат Кајл, Ема и Кејти, но радоста се врати во куќата. Таа е повторно во нашите срца. Тие повторно ни ги исполнуваат животите со љубов, среќа и смеа“.

Тројките веќе знаат за своите браќа и сестри бидејќи на ѕидовите се уште има слики и Лори и Крис често зборуваат за нив.

„Тие знаат дека имаат две сестри и брат на рајот. И ние одиме на гробишта и правиме излети“, рече Лори.

„Му простивме на камионџијата“

Орге Ромеро, човекот кој управуваше со камионот што удри во комбето на Лори, беше осуден за три точки за убиство од небрежност и осуден на една година затвор.

Лори и Крис го запознале Ромеро на судењето и рекле дека му простиле.

„Господин Ромеро всушност беше многу љубезна, нежна личност“, вели Крис.

„Се чувствуваше апсолутно ужасно“, рече Лори, додавајќи дека секој можел да биде зад воланот на тој автомобил, а несреќата првенствено била предизвикана од локацијата на нејзиниот автомобил во сообраќајниот метеж.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Извор: Zena.blic.rs