ТОП 5 eвропски градови за уживање во бајковитиот, есенски шарм: Дестинации со најубави есенски пејсажи (ФОТО)

Овие 5 градови се најдобри за есенско патување од соништата

Градовите во Европа пречекуваат туристи од целиот свет со широко отворени порти во текот на целата година. Во исто време, есенските патувања се сè попопуларни, а европските градови се издвојуваат како едни од омилените дестинации за уживање во бајковитиот, есенски шарм.

Стариот континент е познат по своите прекрасни градови, кои многумина ги доживуваат како музеи на отворено, а со оглед на огромниот број од нив кои вреди да се посетат, корисно е да се направи избор од најдобрите за есенско патување од соништата.

Европските градови тешко можат да ве разочараат, но сепак има и такви кои се особено убави како есенски дестинации, па се препорачуваат за есенско патување.

Да видиме кои градови се топ пет најдобри европски есенски дестинации!

#5 Прага – магичната атмосфера на главниот град на Чешка е совршена за есенско патување

Есента е совршено време за патување во Прага, главниот град на Чешка.

Ова го знаат и другите туристи, па очекувајте меѓународна и гласна атмосфера низ улиците на познатата Прага. Есенското време е во воздухот, температурата е околу 18°C, што создава совршен изговор да се загреете со чаша одлично чешко пиво или топла супа - изборот е ваш. Рестораните ги чуваат своите градини отворени, ако времето дозволува, а греалките ќе ве стоплат и ќе ви овозможат да гледате над прекрасната Прага додека уживате во есенскиот чешки оброк.

View this post on Instagram

A post shared by City of Prague (@cityofprague)


Има и многу музички и други фестивали организирани во Прага во текот на есента, како и знаменитости што мора да се видат. Прага е позната по својата магична, бајковита атмосфера и мистично опкружување, а многу луѓе поради таа причина ја нарекуваат и град од бајките.

Сигурно нема да ве остави рамнодушни! 

#4 Трансилванија – автентична есенска дестинација

Рајски пошумената Трансилванија во Романија често се поврзува со темни приказни, страшни замоци и митолошки суштества. Многумина ја сметаат за темно место каде што сонцето не сјае.

Во реалноста, Трансилванија е сосема поинаква.

View this post on Instagram

A post shared by (@raideromania)


Европски град од бајките, не навистина град, туку историско-географски регион на Романија, совршен за есенско патување, полн со средновековни панорами, прекрасни ридови, полиња со диви растенија и древни дабови шуми.

Замоците украсени во стилот на готската архитектура навистина можат да бидат интригантни, но и многу романтични. На есен, Трансилванија станува брилијантен регион со цела низа природни бои, кои тешко се гледаат на кое било друго место во светот.

#3 Амстердам – топла атмосфера во земјата на лалињата, кломпите, ветерниците

Првата престолнина на листата на европски градови кои се одлични за есенско патување е Холандија. Земјата на лалињата, кломпите, ветерниците, но и разни други, либерални содржини и производи, е прекрасен избор за есенско патување, особено ако барате град во кој можете да видите се, но и да си поминете незаборавно.

Амстердам, со своите фасади во кои доминираат топлите бои, можете да замислите колку е автентичен и убав во текот на есента!


Улиците со дрвја што ги обложуваат познатите амстердамски канали изгледаат особено убаво наесен, а целиот град е исполнет со топла атмосфера, портокалови тонови и либерални туристи.

Тука всушност никој не е турист - сите се добредојдени и брзо стануваат локални жители.

#2 Лугано – есенско патување исполнето со најубавите пејзажи

Кога ќе прашате: Каде да патувате наесен? - Лугано!, е одговор кој се почесто се слуша во туристичките кругови.

Овој европски град не е ни главен град, а не се издвојува ниту по својата посебна големина - тој е само деветти на листата на најголеми швајцарски градови.

Меѓутоа, Лугано не случајно го нарекуваат Монте Карло во Швајцарија. Овој град се издвојува по своите неверојатни пејзажи и импозантниот поглед на езерото и планините, а прекрасните гледни точки се буквално насекаде. Покрај тоа, во Лугано ќе најдете врвни ресторани и други угостителски објекти, чисти улици и прекрасни продавници.


Освен свежината во воздухот, се чувствува и врвниот квалитет на живот, типичен за Швајцарија. Бајката Лугано, според оние кои ја посетиле повеќе од еднаш, е најубава во есен. 

#1 Фиренца – романтичен и шарен европски град

Како сезона која е препознатлива по дождот и лисјата кои прават жолт тепих на асфалтот, есента многумина ги поттикнува на романса... а Фиренца е друго име за романса!


Италијанскиот град, кој е познат како жив музеј, поради уметничките богатства што ги чува, средновековната панорама и неверојатно импозантната архитектура, е особено убав за посета наесен, со што се комплетира целото есенско доживување.

А да не заборавиме и на италијанската кујна, која нема кој не ја обожува.


извор:travelist.rs