„Тажна сум бидејќи бебето нема да го однесам дома“: Жена (56) им роди дете на синот и снаата

Ненси Хок се породи и ја роди својата внука Хана, петтото дете на нејзиниот син Џеф.

Ненси Хок (56) е жена која штотуку ја родила својата внука.

Имено, оваа жена им понудила на синот и на снаата да им роди дете, откако на снаата Камбриа моралe да ѝ ја извадат матката.

Двојката неволно ја прифати оваа понуда од мајката на Џеф, иако веќе имаа четири деца родени ин витро. Сега Ненси се породила и на свет донела мало девојче на кое по нејзина желба ѝ го дале името Хана.

Имено, кога Ненси забременила, слушнала глас кој и вели „Се викам Хана“. Таа го доживеа ова искуство како нешто неверојатно и без двоумење знаеше дека носи девојче. По девет часа породување ја родила својата внука.

View this post on Instagram

A post shared by Nancy Hauck (@nancyhauck)



- Колку луѓе имаат можност да гледаат како се пораѓа нивната мајка? Навистина е посебно што ќе биде мое дете - се запрашал Џеф (33), кој ова искуство го смета за „убаво“.

Неговата мајка вели дека сега се чувствува благословено, но е малку тажна бидејќи нема да го носи бебето дома со себе.

View this post on Instagram

A post shared by Nancy Hauck (@nancyhauck)



- Тоа е мешавина од длабока благодарност и одредена тага за разделбата.

А како бабата ја родила внуката?

Ненси се понудила да стане сурогат мајка за нејзиниот син Џеф (33) и неговата сопруга Камбриа (31), откако нејзината снаа имала спасоносна хистеректомија по трауматичното раѓање на нивното второ множество близнаци, објавија странските медиуми.

- Неколку месеци потоа наеднаш имав чувство дека треба да се понудам. Му кажав на син ми и тој плачеше и беше шокиран, а мојот сопруг во тоа време не ни знаеше што правам. Но, тој навистина ме поддржа - вели Ненси.

Младиот пар се борел шест години пред да ги добие близнаците, Вера и Ива, (4), а потоа Дизел и Лука, (2), преку ИВФ. Џеф и Камбриа сонуваа да имаат повеќе деца, но не беа сигурни на кој пат да одат кога на Камбриа и беше препорачано да се подложи на хистеректомија (отстранување на матката) по нејзината последна бременост во септември 2021 година.

- Се чувствував благодарен што имав таква несебична мајка која беше подготвена да се жртвува за моето семејство. Имајќи искуство од повеќе од четири години третман за неплодност, знам колку може да биде комплициран процесот и се сомневав дека воопшто ќе биде можно да забремени, но бев многу трогнат што воопшто таа се понуди“, рече Џеф.

Лекарите одобрија бременост на 56-годишна возраст

Хок била ментално подготвена да стане сурогат мајка, но не била сигурна дека нејзиното тело е способно за тоа.

- Им кажав дека сум подготвена, но и дека мислам дека сум престара за тоа. Но, на мое изненадување, лекарите рекоа дека сум здрава, дека можам да го направам тоа и еве ме сега – изјавила Ненси кога била бремена.

View this post on Instagram

A post shared by Nancy Hauck (@nancyhauck)



Семејството, кое живее во Јута, морало брзо да дејствува пред Хок да почне да влегува во менопауза. И покрај тоа што штотуку го дочекаа својот втор сет близнаци, Џеф и Камбриа веднаш решија да го искористат моментот и да се обидат за своето петто дете.

Ненси во текот на животот имала пет здрави бремености. Нејзините други деца беа малку загрижени за здравјето на нивната мајка, но сите ја поддржаа идејата таа да биде сурогат мајка на нивниот брат и беа возбудени да го прошират своето семејство на овој посебен начин.

Почнала со хормонска терапија и веднаш забременила

Ненси започнала со хормонски третман во јануари 2022 година и се инјектирала секој ден 12 недели, со помош на нејзиниот сопруг и таткото на Џеф, Џејсон (60).

Во февруари оваа година, ембрионите на Џеф и Камбриа собрани за време на последното ИВФ беа префрлени на Ненси и таа остана бремена со внуката.

„Беше малку страшно бидејќи поминаа 26 години откако родив бебе“, изјави Хок.


„Имам 56 години и ќе им родам дете на син ми и снаата“: Жена ќе си роди сопствена внука, а само треба да видите како се случило тоа


фото: Инстаграм