Tампонот во неа бил три месеци: Манекенка за малку ќе платела со живот поради негрижа, лекарите не можеле да поверуваат што гледаат

Моделот и ѕвезда на реалното шоу „Love Island“ Мора Хигинс откри застрашувачко искуство што го доживеала. Како што тврди таа за малку ќе умрела поради грешка при користење на тампон. Таа ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за синдромот на токсичен шок.

Мора Хигинс (31) рекла дека заборавила да го извади тампонот, по три месеци ненадејно и се слошило и доживеала токсичен шок, пишува „Њујорк пост“.

Таа не знаела што се случува, а била шокирана кога докторот открил тампон залепен на грлото на матката.

View this post on Instagram

A post shared by MAURA HIGGINS (@maurahiggins)



– Имав многу лошо искуство – изјави таа во шоуто на ITV „Шопинг со Кит Лемон“ и додаде:

- Не сум доктор, не знам многу за синдромот на токсичен шок, но знам дека не треба да го оставите тампонот подолго од, мислам, девет часа, мислам дека тоа е максимумот. Во мојот случај тоа беше три месеци. Се чувствував многу лошо - вели Мора.

Синдромот на токсичен шок може да биде фатален и е предизвикан од внесување на одредени бактерии во телото и ослободување на штетни токсини. Најчесто се поврзува со употреба на тампони, но може да се појави и ако бактериите навлезат во телото преку отворена рана. Кога стафилококите или стрептококите влегуваат во крвотокот, тие ослободуваат многу опасни токсини.

Во почетокот обично се јавува ненадејна висока температура. Првиот симптом може да биде главоболка. За неколку часа се развива клиничка слика која наликува на грип – главоболка, болки во грлото и мускулите, кашлица, пишува „Њујорк пост“.

Кога станува збор за користење на тампони, кон крајот на менструацијата или за време на менструалниот циклус, кога крварењето е помалку интензивно, жените имаат тенденција да го чуваат тампонот подолго, бидејќи се плашат дека тампонот ќе се наполни и ќе истече. Тие не треба да го прават тоа.

View this post on Instagram

A post shared by MAURA HIGGINS (@maurahiggins)


Тампонот кој стои долго време опкружен со влага и топлина станува идеална средина за размножување на бактериите. Колку подолго е тампонот, толку е поголем ризикот од инфекција. Без разлика во која фаза сте, или колку крварите, треба да го менувате тампонот на секои четири до шест часа.


фото: Инстаграм Screenshot