Така се прави тоа! Славната актерка во комбинација за жени над 50 години во која ќе изгледате како модна икона и 30 години помлади

Кејт Бланшет, една од најдобрите актерки на денешницата и добитничка на Оскар, на 14 мај ќе наполни 55 години, но тоа не ја спречува да покаже како жените над 50 години можат модерно да блеснат во комбинации кои се во тренд и тотално шик.

Кејт Бланшет се појави во Париз на ревијата на луксузниот моден бренд Луј Витон. Актерката за оваа прилика избра навидум едноставна комбинација која е совршена и ефикасна.

View this post on Instagram

A post shared by  (@cateblanchett_fr)



За ревијата на Луј Витон, Кејт го постигна ултимативниот ефект со помош на четири модни парчиња. Таа избра сатенски горен дел, металик сина боја, необична конструкција со широки ракави и широки раменици. Со цел да ја истакне својата фигура, таа комбинираше фантастична кошула-топ со тесни црни кожени панталони.

View this post on Instagram

A post shared by  (@cateblanchett_fr)




Целата комбинација ја заокружи со црни очила за сонце и црна кожна чанта.




Залижаната коса и шминката што ги истакнува очите е финалниот печат.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Cate Blanchett (@cate_blanchett_myqueen)



Ако барате комбинација што ќе отскокнува од шемата и однапред замислените сфаќања за тоа што треба да носат жените над 50 години, тогаш Кејт Бланшет го има одговорот.


ФОТО: Инстаграм принтскрин