Сузана Јовановиќ наполни 53 години и е една од најнегуваните и најбогати жени: Сопругата на Саша Поповиќ во домашно издание (ФОТО)

Таа е сопруга на Саша Поповиќ, има живот за кој сонуваат многу жени, а кога не е пред камерите, Сузана Јовановиќ е сосема обична жена.

Пејачката Сузана Јовановиќ со децении е среќна во брак со Саша Поповиќ, а на српската сцена важи за една од најубавите и најнегувани жени. Таа има живот за кој многу жени можат само да сонуваат; љубов, богатство, успешна кариера, хармонично семејство и луксузен живот. Иако сето тоа го опишува нејзиниот живот, многумина велат дека ја краси и најголемата човечка доблест, а тоа е скромноста.

View this post on Instagram

A post shared by Suzana Jovanović (@suzanapopovic69)


Сузана на 1 ноември наполни 53 години, а за неа тоа е само бројка, бидејќи на нејзиниот изглед можат да ѝ позавидат и помладите жени.

 

Приватниот живот се труди да го држи подалеку од очите на јавноста, па ретки се случаите кога Сузана ќе покаже како изгледа во домашното издание. Таа во една прилика објави фотографија од семејниот дом, кога не е подготвена за сцената, туку се сликала во природно издание, додека во рацете држи роденденска торта. Погледнете како изгледа Сузана кога не е пред камерите:

„Приказните за нашето богатство отсекогаш ни биле проблем. Поради бројките кои протекоа во јавноста, бевме ограбени пред неколку години, а јас сè уште сум истрауматизирана од тој настан. Никогаш не сме го нагласувале луксузот ниту сме сакале да се фалиме. Водиме сосема нормален живот, а сè што сме направиле е со сопствен труд. Опасно е да зборуваш за богатство и милиони кога имаш деца“, изјави пејачката во една прилика за „Ало“ и нагласи дека верува дека нејзините деца останале скромни без разлика на нивниот лагоден живот.

View this post on Instagram

A post shared by  (@suzanapopovic69)

извор:mondo

Саша Поповиќ го ожени синот од првиот брак на Сузана: Таа на свадбата дојде во портокалов костим и чанта од 10.000 евра (ФОТО)

Не сакал да слушне за него: Ова се потресни детали од од животот на синот на Сузана Јовановиќ-напуштен на 7 месеци, а тука не е крајот на агонијата