Стил на неделата: Колекцијата на совршени капути на Кејт Мидлтон

Сопругата на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон е вистински љубител на модата, а нејзиниот стил е многу зрел, шик и во согласност со правилата на британското кралско семејство.

Кога станува збор за нејзиниот моден израз во постудените месеци, Кејт најмногу се потпира на провереното парче: капут. Досега, пишуваат британските медиуми, ја видовме во околу стотина такви парчиња, а таа носеше различни брендови - од оние што се нудат во „high street “ продавниците до скапи дизајнерски модели.

Сепак карактеристично е што скоро сите капути ги следи еден ист крој и доза минимализам што е препознатлив за војвотката и нејзината фигура и стил.

Фото: Profimedia