Стил на месецот: Елена Стефановска во мантилот на сезоната

Водителката на емисијата „Живот со стил“, секогаш позитивната и дотерана Елена Стефановска, повторно е наша модна инспирација. Овојпат ја имаме во мантилот во бежова боја, од новата колекција на "Bella" - кој е парче што мора да го имате оваа пролет.

Елена ни предложи три различни модни комбинаци кога станува збор за ова одлично модно парче.

1. Мантил-фустан

Облечете го само мантилот, како мантил-фустан, со добри „nude“ салонки, а комбинацијата надполонте ја со марама околу врат или на глава, црни очила за сонце и класична чанта, која ќе донесе контраст и со дезенот ќе одговара на марамата.   

2. Деловна комбинација

Овој мантил е одличен за бизнис комбинација, со црни класични панталони, бела кошула, црна чанта и црни салонки.

3. Кежуал комбинација

Третата комбинација е за секојдневен и покежуал изглед. Мантилот би стоел одлично со бели патики, скинати фармерки и.бела маичка со принт. Изгледот надополнете го со кежуал очила за сонце  и масивно ланче, како и мала чанта преку рамо во ефекнта боја.


Д.К.