Стил на денот: Впечатлива црвена комбинација на Милица Павловиќ која е лесна за копирање

Пејачката одбра ефективни парчиња облека...

Пејачката Милица Павловиќ ги воодушеви сите присутни на еден настан со својата едноставна, но впечатлива модна комбинација.

Таа се појави во многу интересна црвена комбинација која е составена од два дела - длабоко здолниште и топ маица со тенки прерамки.

Здолништето, изработено од многу интересен материјал, е толку ефективно скроено, така што ја истакнува половината на секоја жена што го носи, но во исто време поради неговата ширина и шлиц на задната страна, носи специфичен софистициран изглед.

Топ маицата со тенки прерамки кои на интересен начин ѝ паѓаа од рамената, дадоа посебна димензија на нејзината комбинација. 

Од накит, пејачката се одлучи за нараквица во иста боја, а модни додатоци на себе имаше бела чанта, бели очила за сонце, златни обетки и ѓердан, како и златни сандали кои совршено се вклопија во целата комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


фото: Притнскрин / Инстаграм