Стил на денот: Водителката Нина Сеничар на настан во Холивуд ги фрли светските ѕвезди во втор план

Периодов се случуваат многу од долго одложуваните премиери на филмови, церемонии, доделување на награди, па сега се речиси секоја вечер на холивудскиот репертоар.

Во Лос Анџелес беше организиран уште еден настан за кој долго ќе се зборува, а овој пат на ред дојде гала вечерта „amfAR“.

Јато ѕвезди од светот на филмот, модата и музиката се собраа во центарот „Пацифик дизајн“ во Западен Холивуд. Специјални награди добија Џереми Скот, креативен директор на „Москино“ и платформата Тик так, а во програмата, како и секогаш хуманитарна, уживаа Алесандра Амбросио, Мег Рајан, Парис Џексон, Мила Јововиќ со нејзината ќерка... Меѓутоа таму беше и српската водителка Нина Сеничар, која на некој начин заштитен знак на настанот „амфАР“, која на забавата дојде со својот партнер Џеј Елис.

Иако доминираа креациите со потписот „Moschino“, убавата Новосаѓанка блесна во впечатлив фустан од брендот „Mario Dice“.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Како ви се допаѓа ова издание на убавицата од Нови Сад?

View this post on Instagram

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)