(ФОТО) Ема Стоун во луксузен, но удобен комбинезон

Откако стана една од музите на Луј Витон, актерката Ема Стоун ги фрли старите модни навики и го прифати новиот изглед.

На наградите на SAG, таа го прескокна носењето фустан и изгледаше одлично во комбинезон. Ова беше опуштен избор за една вечер, каде што Ема имаше двојна номинација, но особено ни се допадна што комбинацијата на Стоун беше луксузна, но сепак удобна.