Стил на денот: Џулијан Мур (60) во комбинација која одзима години

Нејзиниот стил е секогаш беспрекорен.

Легендарната 60-годишна актерка беше забележана пред два дена на снимањето на најновиот филм „Sharper“ во Њујорк. Па многумина се запрашаа - како е можно таа да е во седмата деценија од животот?

Всушност, се е до начинот на кој се облекувате. Комбинацијата што ја носеше е крем свилено здолниште, кое го искомбинира со плетен џемпер од иста нијанса. Со блејзерот ставен на раменици, монохроматскиот стајлинг го заокружи со чизми од велур.

Со модни детали, Ермес Биркин чанта од црна кожа и црни Шанел очила за сонце му даде драматичен израз на целиот стајлинг. 

фото:profimedia