Стил на денот: Адријана Лима е секси трудница во свечен светкав фустан

Бремената Адриана Лима откри дека таа и Андре Лемерс чекаат машко бебе пред неколку дена, преку Инстаграм.

И сега долгогодишниот бразилски супермодел и нејзиниот партнер беа меѓу познатите личности кои се најдоа на црвениот тепих за премиерата на новата минисерија „The Offer,“ во Лос Анџелес.

Лима изгледаше неверојатно секси облечена во долг црн фустан со светки, кој имаше долг шлиц на левата страна, и длабоко деколте.

View this post on Instagram

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)


Оваа свечена тоалета ја искомбинира со едноставни црни салонки, големи обетки, залижана коса на едната страна и впечатлива шминка во нејзин стил.

Во еден момент, ѕвездата на Викторија Сикрет се разигра пред камерата и со прстите покажа директно кон нејзината принова.