Спектакуларна венчаница за вереницата на Асанж: Свадбата ја направија во затвор

Венчаницата го носи потписот на познатата Вивиен Вествуд...

Стела Морис, партнерката на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, неодамна се појави пред затворот Белмарш во Лондон.

Таму отишла да се омажи за Асанж, кој со години е во притвор.

Стела позираше во венчаница дизајнирана од Вивиен Вествуд. Гламурозниот фустан со превез крие и тајна.



На сребрената венчаница и вел беа извезени пораки за поддршка од пријателите и семејството. Интересно е и тоа што британската дизајнерка Вивиен Вествуд е меѓу најгласните поддржувачи на Асанж.


Стела преку фустанот носеше капут во иста боја, а на градите кај деколтето имаше роза.

Инаку, им беше дозволено да присуствуваат четворица гости и двајца сведоци на церемонијата на Асанж и Стела Морис . Стела била пред затворот со своите два сина, кои ги има со Асанж.



Таа позирала и пред затворот додека се сечела свадбена торта.

Покрај нејзиниот братучед, друштво и правеше Џон Шиптон, таткото на Џулијан.

Стела првпат го запознала Џулијан Асанж во 2011 година, откако беше обвинет за силување. Обвинувањата беа отфрлени, а Џулијан и Стела продолжиле да се гледаат преку заеднички пријател кој е адвокат исто како и Стела.



Подоцна се дозна дека Стела и Џулијан биле во врска. За тоа јавно проговорија во 2015 година. Тие се свршија во 2017 година откако се роди нивниот прв син Габриел. Тогаш Стела, која денес е застапник на Џулијан, родила уште еден син Макс.


Фото: Инстаграм