Совршена си - зошто бараш причина за да бидеш?

Сѐ повеќе и почесто бараме причина за дотерување, како да не ни е ништо доволна причина за среќа. Сѐ почесто гледам тажни ликови кои точно знам дека на себе го наметнале првото нешто во плакарот што ќе ги покрие, па не е свадба или слава мајку му, зошто да се дотерувам. 

Биди промената што сакаш да ја видиш, сакаш среќно и средено општество, почни од себе. Скоцкај се, насмеј се и светот е твој.