СО ШТРАЈКОТ ГО ГАЗАТ ПРАВОТО НА ДЕЦАТА НА ОБРАЗОВАНИЕ: Родителите бесни зошто сè е врз грбот на децата, за најмалите организираат „баби и соседи“

И денеска продолжува штрајкот на наставниците, учителите, воспитувачите, негувателките...сите кои се во просветата. Станува збор за речиси 25.000 вработени во овој сектор, кои бараат да има покачување на платите од отсто. Штрајкот продолжува и денска. Но, иако од СОНК велат дека и покрај тоа што штрајкуваат, децата во градинките се згрижуваат, како и дека учениците не се вратени дома, другата страна, односно родителите посочуваат дека мака мачат што да прават со нивните деца. Оние родители, на најмладите се организираат како знаат и умеат за да обезбедат згрижување, додека пак повозрасните ученици, кои сами може да седат дома, воопшто не одат во училиште и секако губат од наставно-образовниот процес.

-Немам избор освен и денеска да го оставам четиригодишното синче кај сосетката. Велат дека ги згрижуваат, но не е така. Јас морам да одам на работа, сопругот исто така, родителите мои не се во Скопје и ова е навистина сериозен проблем. Мора да се најде решение, зошто колку што гледам, штрајкот продолжува, ниту едните ниту другите не отстапуваат. Ако СОНК најавува кривични пријави за оние кои го попречувале штрајкот, тогаш мора да има и казни за оние не сакаат да ги згрижат нашите деца, луто појаснува Лилјана А. од Скопје.

Целиот текст на Фактор тука.