Уште со првиот испеан стих ги разнежни сите: Ацо Пејовиќ приреди тричасовен музички спектакл во Македонија (ФОТО)

Илjадници обожаватели на српскиот пејач во еден глас ги пееја неговите најпознати хитови...

Ацо Пејовиќ, миленикот на понежната половина вчеравечер приреди концерт за паметење.
А1 Арената „Борис Трајковски“ беше полна до последното место - од партер до трибини, а неговите обожаватели во еден глас ги пееја неговите песни.

Со песната „За Љиљану“, која ја отпеа во филмот „Тома“ го отвори тричасовниот концерт, а уште со првиот испеан стих ги разнежни сите.
Веднаш потоа почна да ги реди хитовите „Да си ту“, „Пропалица“, „Литар крви“, „Све ти дајем“, „Не питај“ и многу други.

Во еден момент им се обрати на припадниците на посилниот пол - „Оваа песна ѝ ја посветувам на мојата жена, а вие момци посветете ѝ ја вашата сакана личност“. Потоа следуваше емотивната изведба на песната „Све ти дугујем“.

Атмосферата доживеа кулминација која засвиреа првите тактови од песната „Поноќ“ за која пејачот истакна дека му е особена чест што ја добил можноста да ја отпее. 
Не ги прескокна ниту „О, циганко моја“ и „Еве веч је јесен“, кои исто така ги отпеа за филмот „Тома“ и на истите им даде свој печат.

Концертот го заврши емотивно исто како што го започна со рефрен од песната „Сречо моја“.

И.М.

фото: Вангел Тануровски
ГАЛЕРИЈА: